|

Стојаноска во одбрана на Јанушев од Џафери: Збесна!

Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната седница за пратенички прашања посочи дека со вчерашниот говор претседателот на собранието Талат Џафери покажал голем кукавичлок.

„Џафери вчера беше збеснат, го разбирам инстиктот коа ќе ви чепнат член на семејство, но генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев зборуваше за полнолетен член. Џафери на Јанушев му врати со тоа што му ги спомна малолетните членови на семејството што е низок удар и со тоа покажа кукавичлук“, рече Стојаноска.

На вчерашната седница пратеникот Јанушев од собраниската говорница читаше вести, меѓу кои беше и тоа дека синот на собранискиот спикер без правосуден се запишал на Академијата за обвинители. На ова реагираше Џафери, по што дојде до караница и меѓусебни навреди.

Слични Објави