|

„Влезе во Влада и смени лента, ДПМНЕ ги лажеше граѓаните за пасошите“, велат од СДСМ

„ДПМНЕ до пред само неколку дена ги лажеа граѓаните дека ќе го решат проблемот со издавањето за пасоште. Велеа дека МВР не работело со систе капацитети, дека Спасовски не можел да го реши проблемот дека со закон ќе го пролонгирале важењето на старите пасоши“, велат од СДСМ.

„Тоа веше пред ДПМНЕ да влезе во техничката Влада, а кога влезе во Влада, ДПМНЕ ја смени лентата.

Одеднаш нема ништо од законот, велат МВР работело со полн капацитет, дека проблемот не може да реши. Министерот од ДПМНЕ се правда дека не може да прави чуда“, дека наишол на „ѕид“ од Грција. ДПМНЕ едно зборува, друго прави, но секогаш ги лаже граѓаните“, соопшти СДСМ.

Слични Објави