Стојанов: Бугарија ќе ѝ даде на Украина лесно оружје и муниција

//

Бугарија ќе ѝ даде на Украина лесно оружје и муниција, најави министерот за економија и индустрија Никола Стојанов.

„Врз основа на одлуката на парламентот што е донесена, ќе и дадеме помош на Украина. Но не тенкови, мислам дека се работи за лесно оружје и муниција. Она со што помагаме е токму тоа, со што можеме да си дозволиме да помогнеме во моментов, за да не бидат загрижени бугарските граѓани. Бугарската армија останува целосно способна да реагира во случај на опасност“, рече Стојанов.

Помошта што ќе ја даде Бугарија нема да влијае на борбената способност на бугарската армија, посочи министерот Никола Стојанов.

Одлуката допрва треба да биде одобрена од бугарскиот парламент.

Претходна статија

Неколку украински амбасади добија пакет со животнски очи

Следна статија

Последниот атентатор (8)

Најново од Вести