| |

Стојанов: Бугарија обезбедувала различни видови воена помош за Украина

Информациите за обезбедувањето средства и способности за противвоздушна одбрана на украинските вооружени сили од страна на Бугарија се класифицирани со степен „Доверливо“ и не можат да бидат јавно објавени. Ова го изјави во бугарскиот парламент министерот за одбрана на Бугарија Димитар Стојанов, пренесува БНР.

Тој посочи дека од почетокот на обезбедувањето воена помош за Украина, Бугарија обезбедувала различни видови поддршка во рамки на одделни транши. Во врска со тврдењата за обезбедување морски мини, министерот нагласи дека Бугарија не им доставила такви мини на украинските вооружени сили.

„Обезбедувањето воена помош за Украина е во согласност со низа одлуки на парламентот и на владата. Во однос на прашањето за обезбедување средства и способности за ПВО на украинските вооружени сили од почетокот на конфликтот, можам да ви кажам дека во различни транши воена помош за Украина нашата земја обезбедувала средства за ПВО. Во однос на обезбедувањето морски мини на украинските вооружени сили, Република Бугарија не ѝ обезбедила морски мини на Украина“, изјави Стојанов.

Слични Објави