|

Стојанов: Туристичкиот сектор формира над 5 милијарди евра од БДП на Бугарија

Според податоците на Светскиот совет за патувања и туризам, вкупниот придонес на туристичкиот сектор во БДП од хотелиерството и ресторанската дејност изнесува над 10 милијарди лева. Ова го изјави министерот за економија и индустрија Никола Стојанов за време на церемонијата за доделување на годишните награди на Бугарската хотелиерска и ресторанска организација. Изминатата година, според податоците на истата организација, забележаниот раст во секторот бил над 20%.

„Во денови со толку многу предизвици, мора да сфатиме колку е важен овој сектор за нашата економија. Затоа ја имате мојата целосна поддршка и Ве уверувам, дека во мене секогаш ќе најдете соработка и желба за дијалог“, нагласи министерот Стојанов. Според него, туристичките аташеа во странство исто така имаат задача активно да ги промовираат можностите за туризам во Бугарија и привлекување на нови инвестиции во секторот. Тој обрна внимание и на сите тешкотии кои беа предизвикани од ковид кризата, што силно се одразија на секторот. „Покажавте дека имате сила, вештини и приспособливост да преминете низ предизвик кој никој не го очекуваше“, им се обрати тој на вработените во туристичкиот сектор и им честиташе за резултатите што ги постигнуваат.

Министерот Стојанов ја додели наградата во категоријата за најдобар пет ѕвезден бизнис хотел на 2022 година на Гранд Хотел Милениум Софија. На свеченоста присуствуваа претседателот на Народното собрание Вежди Рашидов, заменик-министерот за туризам Ирена Георгиева, претседателот на Управниот одбор на Бугарската хотелиерска организација Георги Штерев и други.

Слични Објави