|

Столтенберг: НАТО е подготвен да го одржи мирот во Косово, Белград и Приштина да се вратaт на дијалогот

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека силите на НАТО е подготвен да го одржи мирот во Косово и дека нема да дозволат враќање на насилството од 1990-тите.

Тој во интервју за германскиот весник „Велт“ ги повика Белград и Приштина да се вратат на преговорите со посредство на ЕУ, наведувајќи дека таквиот пат е единственото одржливо средство за постигнување траен мир за сите заедници.

„Сакам јасно да кажам дека силите на НАТО се подготвени да го зачуваат мирот на Косово. Нема да дозволиме да се врати насилството од 1990-тите“, рече Столтенберг.

Тој изјави дека НАТО е посветен на одржување на мирот и безбедноста во целиот регион и додаде дека е многу важно да се вложат дополнителни дипломатски напори за решавање на прашањето за Косово.

По настаните во селото Бањска на северот на Косово на 24 септември, земјите-членки на НАТО го зголемија бројот на членовите на мисијата на КФОР во Косово на околу 4.500 војници.

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Мише Жоан за време на своето обраќање на конференцијата на Алијансата во Будва истакна дека командантот на трупите на НАТО на Косово е во постојан контакт со сите негови главни соговорници, вклучително и на Косовската безбедносна организација и шефот на српските сили.

Тој повтори дека КФОР ќе ги преземе сите неопходни активности за да ја исполни мисијата според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, односно одржување на безбедна средина и слобода на движење за сите заедници во Косово.

Слични Објави