СТРАШНИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД ДОМОТ НА ЕСМА РЕЏЕПОВА НИ ПОКАЖУВААТ НА КАДЕ ОДИ МАКЕДОНИЈА

Претседателката на хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“, Зорана Костовска раскажува пред ММС.МК дека поради правните лавиринти во кои се наоѓа куќата на Есма Реџепова, оставена од самата неа, како оставштина на Македонија, таму се случува невиден хорор.

„Куќата пропаѓа, забот на времето го прави своето, кое, пак, е надополнето со неколку кражби. На последната, петта по ред,  се одело до таму да, па крадците откорнале делови од прозорците и алуминиумот се продава за ситна пара. Прозорците се испокршени. Мебелот е распарчан, веројатно крадците барале пари. Уметничките слики од Есма се искршени, дел од купатилото е запалено. Страшен неред и смрдеа излегува од куќата. Крадците вршеле нужда внатре.

На долниот кат веќе поткопани се темелите од што тече водата, влагата си го направила своето, бидејки и чешмите и казанчето и тоалетната шоља се откорнати. Се што можело да се продаде како железо или продаде по пазарите е земено. Фотографиите од богатата кариера и на Стево и на Есма се расфрлани по подот, а извадени се дури и штекерите од струјата. Едноставно имотот на Македонија пропаѓа, вели Костовска за ММС.

Погледнете ги фотографиите во материјалот драги читатели и размислете дали истото ќе се случеше ако Есма и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски изградеа кариери во некоја поинаква и понормална земја.