Стрелашки клубови од Благоевград и Сандански со медали од турнир по спортско стрелаштво во Охрид

/

Стрелашките клубови „Пирин“ /Бл/ и „Санел“ од Сандански беа меѓу наградените на меѓународниот турнир во спортско стрелаштво во Охрид /Северна Македонија/. Одличен настап имаше Богомил Реџев кој му донесе златен медал на клубот од Благоевград во категоријата пиштол во машка конкуренција, јавуваат бугарските медиуми.

Неговиот соиграч Борислав Стаменов ја освои бронзата со воздушна пушка. Дополнително, машката пушкарска екипа од Пирин – Симеон Јорданов, Богомил Реџев, Борислав Стаменов, го зеде првото место во тимскиот пласман.

Кај жените во 40 истрели со воздушна пушка триумфираше Ирена Бачварова од клубот Санел од Сандански. Медали за трето место освоија на „Санел“, категорија воздушна пушка. Санел настапи во состав Здравка Штуркова, Јоана Аврамова и Љубомира Карадалиева.

Во турнирот учествуваа 54 натпреварувачи од 10 клубови од Бугарија, РС Македонија и Србија, а организацијата на домаќините повторно беше на познатото високо ниво.





Претходна статија

Владата даде „зелено светло“, во Тетово ќе се произведуваат електрични автомобили

Следна статија

ЗНМ: Одговорност за полициските службеници кои ја злоупотребиле положбата за да ја вознемируваат новинарката Вики Клинчарова

Најново од Вести