|

Струмичанец заврши во притвор, со остар предмет го нападнал својот татко

Вчера во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Т.(42) од Струмица.

Тој околу 21.00 часот во семејниот дом, по кратка расправија, се обидел со остар предмет да го нападне неговиот татко, а оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Слични Објави