Студенo утрo а преку ден сончево со мала облачност и температури до 19 степени

/

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура на повеќе места ќе биде под нулата и ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност.

Утре минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст, особено на утринските температури, кои насекаде ќе бидат позитивни.



По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Извор: Темите

Претходна статија

Заев: Мојата порака е борба, излезете и гласајте

Следна статија

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

Најново од Вести