|

Студено утро, а преку денот сончево и потопло

Денеска наутро ќе биде постудено, а преку денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Времето во Скопје наутро ќе биде постудено, а преку денот ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 11 степени.

До крајот на неделава времето ќе се задржи стабилно и суво, со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневните температури. Најтопло ќе биде за време на викендот. Поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува од понеделник.



Слични Објави