|

Студентски отпор: Владата да ја преиспита одлуката за покачувањето на ДДВ-то на прехрамбените производи

Студентското движење бара од Владата да ја преиспита одлуката за покачувањето на ДДВ-то на прехрамбените производи.

Од тука велат дека условите за живот се сè потешки, а тоа се чуствува и на грбот на студентот.

„Животот е се поскап, нашите родители мака мачат со ниските плати кои ги остваруваат на месечно ниво да ни обезбедаат соодветен живот, а згора на тоа куповната моќ на 140 денари Субвенциониран студентски оброк се намалува. Апелираме, Владата да ја преиспита одлуката за покачувањето на ДДВ-то на прехрамбените производи. Цената на храната се зголемува, со тоа 140 денари кои ги добиваме како Субвенциониран студентски оброк не можат да ги задоволат нашите потреби за храна во текот на денот“, велат студентите.

Студентското движење изразува надеж дека ќе наиде на слух од страна на Владата и дека за многу брзо ќе се намали ДДВ-то на храната и со тоа студентите повторно ќе може да си дозволат попристоен оброк во текот на денот.

Слични Објави