СУАРЕЗ ОТКРИ ТРИ ИМИЊА КОИ БИ САКАЛЕ ДА ГО НАСЛЕДАТ ВО БАРСЕЛОНА
Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез е свесен дека се ближи неговиот крај во каталонскиот гигант. Тој во 2014 година стигна на „Камп Ноу“ и од тогаш одигра 262 меча за тимот и постигна 182 голови, па со одличните настапи беше еден од најзаслужните за големиот број трофеи на екипата во последните неколку години.
Сепак, во јануари Суарез ќе наполни 33 години, а и на него му е јасно дека времето му минува и во едно интервју откри имиња на тројца фудбалери за кои смета дека можат да го заменат.
„Еден од нив е Абрахам. Тој е број девет во Челси. Изгледа како многу добар напаѓач. Многу е млад, но движењето му е добро и има одлична завршница. Втор е Макси Гомез. Не само затоа што е Уругваец, туку и поради тоа што има многу квалитет. А тука е и Лаутаро Мартинез, кој исто така покажа дека е фантастичен“, открива Суарез.
Извор: Спорт1
