|

Судењата за Мијалков кои можат да застарат ќе се стават на брза лента, уверува Кривичен суд

На ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, ќе му се суди со побрз интензитет за предметот „Таргет-тврдина“ кој се однесува на нелегалното масовно прислушување. Ова го тврди Кривичен суд, по реакцијата зошто се чека месец и поливина за да се закаже прво рочиште за овој предмет. Со побрза динамика ќе тече и „Трезор“ втор предмет каде обвинет е истотака Мијалков. Заедничко за двата е што Апелација реши да ги укине пресудите и да ги врати на повторно судење.

На прашање зошто рочиште за „Таргет-тврдина“ не е закажано порадно, обрзложението е дека судијата Илија Трпков постапува по други предмети.

„За тој предмет и за предметот ‘Трезор’ ќе се даде на интензитет. Двајцата судии го кажаа истото“, посочија од Кривичниот суд.

За последните два дена од февруари се закажани првите рочишта за „Таргет – Тврдина“ за масовното прислушување, каде што првообвинет е ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Ова значи дека повтореното судење во Кривичниот суд ќе почне по два месеца откако Апелација објави дека ќе ја укине пресудата и еден месец откако апелациските судии ја напишаа одлуката. Ваква динамика утврдил судијата Илија Трпков иако е запознаен дека делата на Мијалков е можно да застарат, а тој да не одговара за прислушувањето.

За делата на Мијалков и другите обвинети да не застарат, правниците сметаат дека е важен секој ден. Предметот е обемен, а пред пресудата да биде укината процесот од првото судење до одлуката на Апелација траеше пет години. Ако динамиката тече исто како и претходно, а делата на обвинетите им застаруваат во 2025 година, односно за две години, тогаш пресметките покажуваат дека е невозможно да се дочека одговорност за масовното прислушување.



Слични Објави