| |

ЈАНЕВА СО ПОЛИЦИСКА ПРИДРУЖБА ЗАМИНА ЗА ГЕВГЕЛИЈА

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје изутринава заминала во Гевгелија на погреб на нејзината мајка, потврди за МИА директорот на затоворот Есад Рахиќ.

Јанева заминала за Гевгелија со одобрение на судија на претходна постапка, кој синоќа и одреди 30-дневен притвор по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Катица Јанева е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист, со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничен во „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката, јавува Телма.



Слични Објави