|

СУДОТ БАРА ДОКАЗ ДАЛИ БОКИ 13 Ѝ ДОЛЖИ НА „СИСТИНА”

Бојан Јовановски не присуствуваше на второто рочиште во Граѓанскиот суд каде е тужен од страна на болницата “Систина” за долг од 10 илјади и 300 евра. Тој за време на судењето, беше во Обвинителството за организиран криминал каде даваше исказ за случајот поврзан со работењето на Меѓународниот сојуз. Рочиштето беше одложено по барање на судот, откако судијката Лилјана Зафировска-Петреска побара вештакот да го дополни наодот.

Вештакот Елизабета Дамеска-Јовановска кој го најми болницата “Систина” кажа дека се анализирале документи со кои “Систина” барала да и се платат парите кои Бојан Јовановски ги должи.

Извор: Макфакс



Слични Објави