Судската сага околу „она на М“ продолжува
Ново рочиште од случајот „Тенк“, поврзан со набавката на луксузнот Мерцедес од страна на претходната владеачка гарнитура е закажано за денеска во Основниот суд Скопје 1.
Во овој процес им се суди на поранешниот премиер, Никола Груевски, на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и на поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски. Постапката за „Тенк“ денес треба да продолжи со сослушување на сведоци.
Според СЈО, Груевски како премиер побарал од Јанкуловска да определи лице кое ќе спроведе незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило. За ова, според СЈО, се фаворизирала фирмата Мак Аутостар. За да го исполни барањето Јанкуловска го ангажирала Поповски и двајцата ја злоупотребиле службената положба и овластување. МВР направило набавка на возилото кое требало да и биде дадено на владата, но според СЈО, било набавено оти Груевски сакал да се води во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа.

