| |

Support Kocani ја исплати и втората пратка компресивна облека за настраданите од пожарот во Кочани

Support Kocani ја исплати во целост фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари. Ова на својата Facebook страна го објави самата иницијатива.

„Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по мерка за 17 лица. Очекуваме облеката да пристигне во Македонија понеделник навечер, а веќе во вторник ќе биде доставена до болницата во Кочани. Со оваа фактура, вкупниот износ за компресивна облека што го покривме изнесува 23.560,37 евра, односно 1.207.260 денари“, велат од Support Kocani.

Тие упатија благодарност до сите што донираат за настраданите од пожарот во Кочани.

„Благодарност до сите што донираат. Секој ден, секоја донација, секоја споделена порака прави разлика. Во време на болка, солидарноста е најголем лек. Никој нема да биде сам. Делата зборуваат многу погласно од зборови“, стои во објавата на Support Kocani.

Втората пратка компресивна облека повторно доаѓа преку бугарската фирма Health 2000 ЕООД.

Слични Објави