СВЕДОЧЕШЕ ЕДНА ОД ЖРТВИТЕ НА ХАРВИ ВАЈНСТИН: МЕ СИЛУВАШЕ ВО НЕГОВИОТ СТАН ВО ЊУЈОРК

Една од двете жртви во судењето на Харви Вајнстин на денешното рочиште рекла дека холивудскиот продуцент сексуално ја злоупотребувал во својот стан во Њујорк.

Филмскиот магнат досега го обвинија повеќе од 80 жени за силување и полово вознемирување, а пред судот во Њујорк го тужат дури две жени.

Американската актерка Анабела Глорија Филомена Шиора сведочеше во четвртокот на судењето на славниот холивудски продуцент Харви Вајнстин дека ја силувал на почетокот од 1990-тите години.

Шиора, најпозната по улогата во телевизиската серија „Семејството Сопрано“, е клучниот сведок на судењето и најпозната членка на движењето MeToo која ќе сведочи против Вајнстин. Повеќе од 80 жени го обвинија продуцентот за сексуална злоупотреба.

Извор: Макфакс