| |

Светски и бугарски џез-музичари ќе настапат на 12-то издание на „Пловдив џез фест“ во Бугарија

Дванаесеттото издание на „Пловдив џез фест“ ќе се одржи од 6 до 8 ноември во Домот на културата „Борис Христов“ во Пловдив, Бугарија, со учество на познати светски и бугарски џез-музичари, соопштија организаторите од „Блу М“, пренесува Радио Бугарија.

Фестивалот ќе биде отворен со концерт на американскиот пијанист и композитор Арон Паркс и неговото трио.

Во програмата е вклучен и специјалниот проект „100 години Мајлс Дејвис“ на Росен Захариев – Роко и неговиот состав „Ол старс“, во кој учествуваат Стив Хамилтон, Васил Хаџигрудев, Борислав Петров, Петар Момчев и Александар Дејанов – Скилер.

На фестивалот ќе настапат и пејачките Ема Смит и Елина Дуни, гитаристот Џенк Ердоган и пијанистот Шај Маестро со своите состави.

Програмата ќе биде збогатена со придружни настани и заеднички импровизациски настапи на музичарите.

Слични Објави