(Видео) Светски познатата документарна серија „Treasures with Bethany Hughes“, ќе емитува епизода посветена на Бугарија
Тимот на светски познатата документарна серија „Treasures with Bethany Hughes“ сними епизода посветена на Бугарија. Серијата се емитува на документарниот тв канал Viasat History. Проф. д-р Бетани Хјуз ја посетила Бугарија за да покаже дел од шаренилото и неверојатната историја на мозаикот од култури во оваа земја.

Во епизодата ќе бидат прикажани најстарото златно богатство на Бугарија, кое се чува во Археолошкиот музеј во Варна, тракијската гробница во Казанл’к, монументот на Бузлуџа, обичајот на нестинарите, древниот град Хераклеја Синтика, Епископската базилика во Филипопол, Рилскиот манастир и уште многу други природни и културни богатства на Бугарија.
Премиерата на епизодата посветена на Бугарија ќе се случи на 24 мај во 22:00 часот на Viasat History, а ќе се репризира на 26 мај во 09:55 часот.

