Светски познатиот бугарски виолинист Васко Василев со концерт во Ајфеловата кула по повод 24 мај
„За мене како уметник една од најсилните инспирации за концерт е несомнено местото, локацијата, салата, градот. Кога ја добив поканата од г-ѓа Десислава Бинева, директорка на Бугарскиот културен институт во Париз, јас немав двоумење дека ќе прифатам, ајде да најдеме можен датум за сите“, сподели светски познатиот бугарски виолинист Васко Василев, јавува Актуално.
Четворица од најдобрите солисти во Оркестарот на Кралската опера во Лондон ќе свират заедно со Васко Василев во концертната сала на Ајфеловата кула, што открива и исклучителен поглед на градот од првиот кат на вечниот симбол на француска престолнина. Тоа се Флоренс Гарел (виолина), Каору Јамада (виолина), Метју Кетл (виола), Гундула Лајтнер (виолончело). На концертната програма се дела од Вивалди, Бизе, Брамс, Сарасате, Сен-Санс. За концертот во Париз, бугарскиот виолинист ќе допатува од Јапонија, каде има закажано настапи.
Концертот на Васко Василев и солистите на Кралската опера е продукција на Бугарскиот културен институт во Париз и ќе ја одбележи 20-тата година од неговото основање во француската престолнина. Од 2004 година, неговата галерија е место за средба на пријателите на бугарската култура од различни земји, а неговата мисија е да поддржува и развива средина и дијалог со меѓународната публика, да бара и развива форми за презентирање на бугарските традиции и современа уметност.

