БУГАРСКО- МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ „НАСОКИ“ ВО CINEPLEXX СКОПЈЕ

/

Филмот „Насоки“ е копродукција меѓу „Арго Филм“, Бугарија, „Актис Филм“, Германија, и „Сектор Филм“ од Македонија. Финансиски филмот е поддржан од Бугарскиот национален филмски центар, Регионалниот филмски фонд МДМ, Агенцијата за филм на Република Македонија, како и Европскиот филмски фонд „Еуримаж“. Филмското остварување „Насоки“ e филм на бугарскиот режисер Стефан Командарев. Покрај режијата на филмот, Стефан Командарев се потпишува и како сценарист на ова остварување, заедно со младиот талентиран драматург Симеон Венциславов.

„Насоки“ е современа драма чие дејство се одвива во рамките на 24 часа, каде во шест такси возила се испреплетуваат судбините на група луѓе – херои од сегашната балканска реалност. Во тоа деноноќие сме сведоци на некои од реалните проблеми, па дури и апсурди на денешното општество на овие простори. Преку очите на таксистите и клиентите низ улиците, полека ја насетуваме шареноликоста на секојдневието, дури и со своите најтемни нијанси. Поединечните приказни се обединети од една смрт, која сепак ќе даде шанса за нов живот.

Филмот имаше голем успех и беше дел од официјалната конкуренција на фестивалот од А категорија, во конкуренцијата на престижната програма „Извесен поглед” / “Un Certain Regard” на Канскиот филмски фестивал минатата година.

Филмот „Насоки“ се прикажува во Cineplexx киното во City Mall во Скопје. Започнува денес, и ќе се прикажува секој ден се до среда 13 јуни 2018, во термин од 16:00 часот.

Цената на билетите изнесува во редовниот киоепертоар изнесува:
220 денари – понеделник, среда и четврток
180 денари – вторник
250 денари – петок, сабота, недела и празник





Претходна статија

ТРАГЕДИЈА: ЗГАСНУВААТ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕШКО

Следна статија

ПРЕКРАСНА ИЗВЕДБА НА „ЖЕЛЕЗНИОТ СВЕТИЛНИК“ ВО МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР (ГАЛЕРИЈА)

Најново од Истакнато

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи