СВИНГ- ТАНЦОТ НА СПОДЕЛЕНОТО НЕВЕРСТВО

Лето е, август е, и сосема е нормално страстите да земат замав. Плус тоа е петок. Затоа, си дозволивме да ви претставиме повеќе информации за таканаречениот свинг. Што е тоа, како настанал, какви се луѓето што го практикуваат тоа, и има ли „почва“ кај нас за ваквите експерименти… дознајте во следните редови.

За време на Втората светска војна, Американците ги бомбардираа Јапонците од островите во Пацификот. На американските пилоти им беше дозволено да ги земат своите жени. Ова е местото каде се појавува феноменот наречен свинг. Пилотите честопати умирале, но сопругата на починатиот никогаш не останувала сама. Нејзината најдобра пријателка го „споделувала“ сопругот, сфаќајќи дека наскоро може да биде во иста ситуација. По војната, традицијата продолжила. Во 1957 година, американското списание „Мистер“ објавило статија за размена на жените. Јасно е дека ова не е невообичаено во САД. Така, свингот станува јавно дискутирана појава. Во 1960 година, околу 20 списанија за дружење, ја воведиле рубриката „Парот во потрага по двојка“. Подоцна, се појавиле и првите свинг клубови во САД, а после тоа и во Европа.

Размената на партнерите се смета дека е најзастапена во САД, каде што секој петти пар се обидел барем еднаш, а секоја шести се обидел три до пет пати. 8% од американските парови редовно практикуваат свинг. Уште 6 милиони признаваат дека не им пречи да се обидат. Бројот на свингери во Европа постојано се зголемува, вклучително и во Русија. Тоа го пишува во својата книга „Револуција на љубовта или дегенерацијата?“ Арсени Соболевскиј.

Интересно е што оваа појава била позната и во СССР. Ова се случувало во некои затворени научни градови. Таму, младите научници работеле на тајни воени проекти и живееле според нивните закони за семејството, како во едно големо полигамно семејство, каде пријателствата го надополнувале и интимното.

„Треба да се напомене дека групниот секс и свингот не се исти. Свингот не секогаш води до оргија, а не секоја оргија е свинг“, пишува Соболевскиј.

Можеби звучи неверојатно, но свингот има позитивен ефект врз семејните односи. Истражувањата покажуваат дека скоро и да нема разводи во семејствата кои го практикуваат во САД. Меѓу оние кои го сметале својот брак за несреќен пред свингот, имало подобрување во односите во 90% од случаите после него! Покрај тоа, нивото на среќата кај свингерите е двојно повисока отколку кај обичните американски семејства.

Според американскиот научник Гилберт Бартел, свингот е првиот чекор кон создавањето на нов вид на семејство – ослободено од лаги и лицемерие, се вели во книгата на Соболевскиј.

Свингот е поделен на три вида:
– Лесен (мек) свинг – во кој паровите имаат секс во непосредна близина и меѓусебно разменуваат партнери само во воведот. Другото заедничко значење на овој термин е – секс со двојка и размена на „третиот“ партнер.
– Затворен свинг – во кој паровите кои си ги размениле партнерите и имаат секс одделно без да се гледаат едни со други.
– Отворен свинг – во кој паровите кои си ги размениле партнерите имаат секс во непосредна близина.

Луѓето кои го практикуваат свингот си имаат своја приказна и повод зошто сакаат свинг. Некои сакаат да експериментираат, некои го гледаат како спас за врската или бракот итн. Без разлика која е причината многу е важно да знаете дали вие го можете и го сакате тоа вистински!
Исто така, не обидувајте се со поранешните партнери и нивните нови половини. Ова најверојатно ќе предизвика љубомора. Затоа низ светот се создадени таканаречени свингерски клубови каде што можете да одите и да пронајдете партнери, кои никогаш повеќе нема да ги видите. Во случај во врската вие да сакате свинг но вашиот партнер не, никогаш не го присилувајте на тоа.

Кое е мислењето на психолозите?
Всушност, свингот не е толку редок како што обично се верува, вели психотерапевтот Александар Полеев, додавајќи дека практиката дури ја препорачуваат некои сексопатолози. Во суштина, свингот е легитимно неверство. Партнерот се чини дека ве изневерува, но знаете дека тоа се случува со ваша дозвола. Зошто е ова потребно? Многу парови со солидно семејно искуство страдаат од сексуална здодевност. За да се ослободат од тоа, тие одлучуваат да измамат, но со тоа доаѓа и чувството на вина. За да се избегне ова, сексолозите ги советуваат паровите да запознаваат други семејни парови. Ова му дава на односот свежина.

Свингот е добар само ако има мерка. Ако премногу се занесете, најважниот дел од сексот – интимноста – се губи, вели сексологот Сергеј Агарков. Сексот престанува да биде тајна помеѓу две лица и се здобива со некаков „публицитет.

Опасности
Како и сè, свингот ги крие своите опасности. „Мојот сопруг и јас имавме свинг, но него му се допадна девојката и потоа ги фатив како тајно се гледаат“, е еден од примерите на секс форумите. Самиот чин е ужасно возбудлив. Многу е важно партнерот да го сака истото и да не е љбоморен. Свингот е многу добра мерка за поправката во врските. Колку посигурна врска толку подобар свинг.

Кај нас
Македонија не може да се пофали со свингерски клубови, со сајтови за овој тип на дружба или воопшто со отворено зборување на оваа тема. Доколку постојат вакви парови а претпоставуваме дека се во мал процент, можеме само да фантазираме на каков начин ги наоѓаат другите парови. Ако некој после статијава добил желба за ваков тип на експеримент, единствено нешто што можеме да ви препорачаме е да се разбарате на Google свингерски клубови по Австрија и Германија 🙂