|

ВМРО-ДПМНЕ: ЈАНЕВА НАМЕСТО НА ПЛАЖА, ТРЕБА ДА БИДЕ ВО ПРИТВОР

Опозициската ВМРО ДПМНЕ смета дека снимките кои излегоа во медиумите се доволна причина Јанева наместо на плажа да биде во притвор, јавува НОВА ТВ.

-Катица Јанева може да се заканува колку што сака, но слушнавме како таа лично ветува дека се она што Боки 13 го зборува се остварува. Јанева лично дава ветување за прекинување на истраги…Дополнително, обвинителката Стефанова, денеска во изјава за медиуми потврди дека и било наложено токму од Јанева да ги затвори предметите, за осомничените да не одат во затвор. По ваквите снимки и изјави, потребно е итна акција од страна на ЈО, но и одговорност за досегашното неделување и потенцијално прикривање, рече генералниот секретар на партијата Игор Јанушев.

Слични Објави