СЗО: Сѐ ПОВЕЌЕ АДОЛЕСЦЕНТИ ВО ЕВРОПА ИМААТ ПСИХИЧКИ ПРОБЛЕМИ

/

Менталните проблеми стануваат сѐ почести кај младите Европејци на возраст од 11 до 15 години, според студијата објавена од страна на Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО).

Истражувањето се фокусирало на здравјето и социјалното однесување на децата на возраст од 11, 13 и 15 години од 45 земји, соопшти СЗО.

Тоа покажало дека менталното здравје во многу земји бележи падови во периодот меѓу 2014 и 2018 година.

Нивото на ментално здравје се намалува со растот на децата, покажува студијата, која укажува дека во опасност се особено девојчињата.

Еден од четири адолесценти нагласува дека чувствува нервоза и потешкотии со спиењето барем еднаш неделно, посочуваат од СЗО.

„Зголемувањето на бројот на момчиња и девојчиња ширум Европа кои сведочат за нарушено ментално здравје и кои се чувствуваат лошо, нервозно и иритирано, е загрижувачко за сите нас“, коментира регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Анри Клуж.



Студијата била спроведена од Универзитетот во Глазгов во Шкотска и во неа учествувале 220.000 деца од училишта во Европа и Канада.

Во третина од земјите, бројот на оние што чувствуваат притисок од училишните обврски е зголемен.

Повеќе од една десетина од испитаниците изјавиле дека биле жртви на малтретирање на социјалните мрежи два месеца пред истражувањето.

Извор: Макфакс

Претходна статија

59 ЛИЦА НЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Следна статија

КОНЗУЛОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО БУГАРИЈА АЛЕКСАНДАР ПАНЕВ ГИ ПОЗДРАВИ „КОЛЕГИТЕ“ СО ТЕКСТОВИ ЗА ЛИЧНА ДИСКРЕДИТАЦИЈА

Најново од Вести