|

СЗО: Светот да се обедини и да донесе тешки одлуки за да се стави крај на пандемијата во 2022

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска го повика светот да се обедини и да донесе тешки одлуки потребни за да се стави крај на пандемијата на Ковид-19 следната година.

– 2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата, изјави генералниот директор на СЗО.

Како што се приближуваат прославите на крајот на годината, Гебрејесус призна дека „сите сакаме да поминуваме време со пријателите и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормала“.

– Но, за да се вратиме во нормала, треба да се заштитиме сега бидејќи случаите на Омикрон, кој многу брзо се шири, се зголемуваат, истакна тој.

Тедрос инсистира дека е можно да се запре пандемијата, но рече дека ќе треба да се искористат сите алатки кои асе на располагање, почнувајќи од вакцини до носење маски и физичко растојание.

И можеби најважно, светот треба да стави крај на очигледната нееднаквост во пристапот до вакцини.

– Ако сакаме да ставиме крај на пандемијата во наредната година, мора да ставиме крај на нееднаквоста, нагласи тој. 

Слични Објави