|

ТАЧИ: ЕДИНСТВЕНА СТРАТЕШКА ЦЕЛ НА КОСОВО Е ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО ВО ЕУ И НАТО

Kосовскиот претседател Хашим Тачи порача дека единствен стратешки стремеж на Косово, без оглед на предизвиците со кои се соочува, е евроатлантската ориентација и приемот во Европската унија и во НАТО, јави дописникот на МИА од Приштина, пренесува Плусинфо.

Во објава на својата страница на Фејсбук по повод Денот на Европа, Тачи им се заблагодари на сите европски земји кои дадоа прдонес за слободата и независноста на Косово.

„Поминаа 70 години од времето кога идејата за економски развој меѓу основните држави на стариот континент стана основа за јакнењето на мирот, просперитетот и визијата на Европската унија. Косово како млада и суверена држава им се заблагодарува на сите европски држави кои дадоа историски придонес за неговата слобода и независност“, пишува Тачи.

Слични Објави