| |

ТАМАРА НА КРСТОТ

Ја распнаа оти била Северџанка и оти ја промовирала Северна…

Фејсбуков е чудна направија, едни го користат за да се разделат од титулата „барутко“, втори за споделување поезија во обид, а трети онака за омраза.

Се врти едно видео парче во кое Тамара рекла дека е безвезе да се купуваат амбулантни возила, а да не се оди на Евровизија. „Патриотите“ македонски со право попиздеа, како се осмелува Северџанката да го става учеството на овој конкурс пред амбулантните возила. Некои што прочитале и нешто повеќе од „Крив правец“ ја споредија со Марија Антоанета („кога немаат леб, нека јадат колачи“, изјава за која нема цврст историски доказ дека воопшто е кажана од француската кралица).

Македончето совладано од порнонационализам сака да мрази. Го мрази својот промашен живот. Бара виновници за своите промашени шанси. Бара „жртва“ врз која да го истури својот гнев. Бара отворено прозорче за да земе голтка загаден воздух.

Фамата околу „северното“ 8-мо место на Тамара е повеќе од смешна. Луѓе, па ние немаме доволно амбулантни возила. Ајде да зборуваме на таа тема. „Патриотите“ нека не забораваат дека нивниот идол можеше да го реши тој проблем, Црпко како што видовме не го продаде мерцедесот. Едниот на завет во Будимпешта, другиот изгубен во простор и време, ама не, Тамара е крива. Таа е таргетот, бидејќи пеела за Норт Маседонија, без да го пречкрта тоа Норт. Виша форма на патриотизам е тоа, а Тамара е северџанка, патриотизмот и е непознат спорт.

Ви се тресат гаќите од страв. Немате муда да му се спротивставите на помоќниот од вас. Затоа денес на крстот е Тамара, а утре ќе биде некој друг. Тој некој исто така ќе биде лик од кого не зависи колку амбулантни возила има во државата, ама што има врска, ќе му ги накалемите.

Синоќа гледав еден филм за вождот на Хуните, Атила. Еден лик од филмот го постави следното реторичко прашање: Како ќе освојуваме нови територии, ако војуваме меѓу себе?

Па да ве прашам драги мои, „патриоти“, северџани, педери, лезбејки, непартиски определени, партиски стаорци, лижачи, ебачи, верници, атеисти и секакви други, како ние ќе излеземе од гомната во кои се давиме веќе 28 г. ако губиме време за да војуваме меѓу себе? Од таа омраза може да се задвижи спејс шатл, не знам колку сте свесни.

Да си ја зачукате отпозади таа омраза. Свиркајте си ја Едно име имаме, ама не заборавајте дека и тоа едното име ни го зедоа, бидејќи за 30 години Македонија не најде сили да се исправи и си остана на коленици. Зависна од сите. Знаете ли зашто? Затоа што 30 години во Македонија, проблеми се бараат, таму каде што ги нема, а за реалните проблеми не се зборува, бидејќи ако јадеш вафли за нешто битно, можеш да леташ од работа например, можеш и ќотек да јадеш, а ако ти се случат тие работи, како ќе си го плаќаш нетот  и како ќе удираш по тастатурата за да распнуваш луѓе на крст. Не иде нели?

Оладете малку со „патриотизмот“ побарајте им сметка на фаците што ве лупаа без вазелин од  91-ва досега и оставете ја Тамара. Таа нема никаква врска со фактот што немаме доволно амбулантни возила. Инаку да ве потсетам за трендот кај нашите медицински работници да учат германски. Утре може и да имаме доволно коли со црвен крст на нив, ама кој ќе се вози во истите? Ете ви добра тема за размислување, а ако мозочните капацитети не ви дозволуваат толкав напор… пцујте, тоа знам дека најдобро го можете.

Автор: Атанас Величков-Батко Тане

Слични Објави