ИБИЦА vs ТАКСИ
Антизападниот пратеникот кој се устоличи од улица во парламент врз грбот на илјадници протестанти за подобро утре, пред само неколку месеци не убедиваше дека треба да гласаме „ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА“.
Пратеникот П.Б. признава дека извршил кривично дело по член 215 од Кривичниот Законик. Доколку се залага за „ЕВРОПСКА Македонија“, ќе му дадеме пример од Европа:
➡️ Коалициониот партнер на Себастијан Курц во Австрија, втората по моќ десница FPÖ, на неколку дена пред европските избори со неверојатен пад на рејтинг од цели 5 до 6% поради скандалот на Ибица. Имено, вицепремиерот на Австрија кој беше фатен во ваков скандал, даде неотповиклива оставка!
Во меѓувреме, кај партијата на Курц ÖVP се бележи скок од 4 до 5% во последните неколку дена [вкупно 38%] и сериозно се размислува за распишување на парламентарни избори веднаш по европските избори.
Линк од анкета:
Оставка и одговорност‼️
Немање на слух за оставка ⁉️ = антизападен чин‼️
Во спротивно, се потврдува тезата дека наместо да дојде животот за сите, дојде само за партиските членови и функционери. Доколку животот само дојде за партиски вработувања, непотизам, продавање на националните интереси, скандали и афери, тогаш подобро воопшто да не доаѓаше…

