Таравари единствен кандидат за претседател на АА – „нема преговори за влез во Владата, уставни измени ќе поддржиме“

/

Арбен Таравари е единствениот кандидат за претседател на Алијансата за Албанците. Претседателот на Комисијата во АА, Сурија Рашиди, соопшти дека Таравари во рекордно време успеа да собере над 1800 потписи.

„Во име на Комисијата можам да ве информирам дека вечерва конечно завршува рокот за поднесување кандидатури за претседател на партијата и ја имам честа да информирам дека досега до Комисијата стигна само една кандидатура, кандидатурата на проф. Арбен Таравари, потпретседател на партијата и в.д. претседател на партијата до вонредниот конгрес“, вели Сурија Рашиди,пренесува ТВ 21.

Иако е единствениот кандидат, Таравари рече дека во Собранието како противкандидат може да се пријави секој член што ќе успее да собере 400 потписи.

„Сакам јавно да му се заблагодарам на целото наше членство, на сите ограноци на АА кои ме поддржуваа без резерва и во период од еден и пол ден, собрани се значителен број потписи и поддршка, што ми овозможува да бидам можен кандидат за претседател на АА. Рокот е до вечерва на полноќ, не знам дали ќе биде но секој има право, секој член што ќе собере над 400 потписи, има право да поднесе до комисијата кандидатура“, порача Арбен Таравари.

Таравари вели дека АА ќе продолжи да биде во опозиција и доколку се преговара за влез во власта, вети дека ќе биде многу искрен и сите ќе бидат информирани.

„Кога ќе почнат преговорите ќе ве информираме, знам дека има шпекулации на порталите, ние сме тема во медиумите и ова е добро за Алијансата кога се зборува за нас, но нема ништо конкретно, знам дека има и 7-8 министри кои се со име и презиме кои се прикажани како министри на АА и со целосна одговорност ви велам дека нема ништо од тоа не е точно“, додава Арбен Таравари.

Инаку, пред неколку дена Таравари се сретна со премиерот Ковачевски, по што излегоа со изјави дека генерално се разговарало за европските реформи и борбата против криминалот и корупцијата, иако се дознава дека вратата на владата е отворена за Алијанса , со цел зајакнување на парламентарното мнозинство.

Претходна статија

Секој простор во Тетово ќе се наплаќа – паркинг за 40 денари од час, или блокатор за 1500 денари

Следна статија

Радев до Нехамер: Бугарија ги мобилизираше сите свои ресурси за да се спротивстави на миграциските притисоци

Најново од Вести