Татко во Ниш обвинет дека си ја силувал ќерката, таа забременила и родила девојче
По наредба на Вишото јавно обвинителство Ниш, во траење до 48 часа му е одреден притвор на Б.М. од Ниш, поради сомнение дека сторил кривично дело силување.
Во рок од 48 часа осомничениот ќе биде сослушан за сите околности на настанот, објавено е на веб-страницата на обвинителството.
Според медиумите, Б.М. ја силувал својата ќерка. Според неофицијални информации, се сомнева дека девојчето останало бремена и родило девојче.

