Техничкиот премиер Талат Џафери за денеска ја закажа првата седница на новоизбраната Влада
Новоизбраниот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, за денеска, 30.01.2024 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, ја закажа првата седница на новоизбраниот владин состав, информираат од владината прес служба.
Од таму додаваат дека за заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето на седницата.
