КАНДИДАТОТ НА ДУИ ЗА ПРЕМИЕР ВЕТИ МУЛТИЕТНИЧКА ХИМНА И ЗАДОЛЖИТЕЛНО УЧЕЊЕ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК ОД 5-ТО ОДДЕЛЕНИЕ

Кандидатот за прв премиер Албанец на ДУИ, Насер Зибери денес пред Владата претстави дел од програмата која планира да ја спроведе доколку ја добие довербата од граѓаните.

Зибери пред владата вети воведување на мултиетничка химна, задолжително учење на албанскиот јазик, флексибилно работно време и ветинг за сите.

Мора да имаме храброст, доверба и почит да продолжиме напред. Предлагаме да има задолжителни часови по албански јазик во секое училиште од 5-то одделение. Предлагам 13-ти август, денот на потпишувањето на Охридскиот договор, да се прогласи за национален ден. Предлагам да се постигне консензус за химната на нашата земја, да се рефлектира разновидноста – порача Зибери.