ЕП: МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ДА СЕ ОДНЕСУВААТ ОДГОВОРНО

„На 15 јули, народот на  Македонија ќе го искористи своето политичко право да одлучи кој ќе владее со државата во следните четири години, водејќи ја низ клучните фази на макотрпните преговори со ЕУ“, изјави известувачот за Македонија, Илхан Ќучук.

Неговата порака пред изборите во Македонија, заедно со претседателот и потпретседателката на Мешовитиот парламентарен комитет, Андреас Шнајдер и Марион Валсман, е дека овие избори ќе бидат тест за политичката зрелост на земјата.

Со оглед на здравствената криза, европратениците бараат од сите политички чинители да се однесуваат одговорно.

„Бараме од властите да обезбедат фер изборен процес и соодветни заштитни здравствени мерки“, пишуваат европратениците.

Тие потсетуваат и дека договорите за добрососедство со Грција и Бугарија ќе бидат „во самиот центар на европската иднина на  Македонија“, навестувајќи го со ова и фокусот на преговарачката рамка на Брисел во идните преговори за членство во ЕУ.