| |

ТЕЛОТО НА БЕБЕТО НАЈДЕНО ВО ПОЛСКО ВЕ-ЦЕ ПРЕДАДЕНО НА ОБДУКЦИЈА

Вчера околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко.

По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила. Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување.

Oд страна на полициски службеници е пронајдено телото на бебето во јама во полско ве-це. По наредба на Јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција. Земени се примероци од крв за анализа од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска. По насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични Објави