ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ-ШТИП
Две лица се повредени во сообраќајката што вчера се случила на патот Миладиновци–Штип меѓу патничките возила „опел вектра“ и „фолксваген голф“.
Н.Д. (41) од Струмица бил возачот на „опелот“, а Р.М. (60) од село Дабиле управувал со „голфот“. Во болницата во Штип Р.М. бил однесен со тешки телесни повреди, а телесни повреди добила и сопатничката од истото возило Н.М. (56) од Дабиле и Н.Д.
На местото на настанот увид бил извршен од увидна екипа од полициската станица Свети Николе.
