ТЕТОВЕЦ СО „ГОЛФ“ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ, ТРИ ЛИЦА ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА

//

Синоќа на булевар „Видое Смилески-Бато“ во Тетово, Р.Р. (23) од Тетово, управувајќи патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 15 – годишен сопатник од с. Камењане, кој бил пренесен во болницата во Тетово. Со телесни повреди се здобиле сопатниците А.Б. (24) од с. Синиче и М.У. (24) од с. Вешала.

Тие, исто така, биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.





Претходна статија

КАВАДАРЕЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ СИНОЌА СПАСИЛЕ КУЧЕ ОД ВОДИТЕ НА РЕКАТА ЛУДА МАРА

Следна статија

ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ РИБАРСКИ МРЕЖИ СО ПАСТРМКА НА 4000 МЕТРИ ОД БРЕГОТ НА ЕЗЕРОТО

Најново од Вести