|

ТИНЕЈЏЕР И ПОЛИЦИСКА СЛУЖБЕНИЧКА СЕ НОВИТЕ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАЕВИ ВО ВЕЛЕС

Откако денес од Министерството за здравство потврдија уште два случаеви на корона вирус во Велес, бројката на заболени во овој град се искачи на осум позитивни лица, јавува Фокус.

Од заболените, четири лица се вработени во ЈП Национални шуми и две лица во роднинска врска со нив. За денешните случаеви, станува збор за полициска службеничка и за момче на возраст од 17 години.

Се претпоставува дека средношколецот се заразил од негов роднина, кој бил вратен од странство пред две недели и немал никакви симптоми.

Според последните податоци од СВР Велес, во градот до вчера имаше 41 лице во самоизолација.

Слични Објави