ТИРАНИЈА НА ПРИМИТИВИЗМОТ
Овој примитивен нагон да се ужива сеирот до максимум, не за да се решава проблемот општествено или системски, туку најсочно да се исцица до последна капка “слаткиот” вкус на малограѓанската екстаза и опиеност од грешките на другиот, дај Боже непријателот, а можеби дури уште поарно и пријателот, веројатно го има и во најразвиените општества…
Фактот што кај нас не е ограничен на народните маси, туку еве го тука, скриен или откриен и кај интелектуалниот врв, елитата и високото друштво по образование, статус и влијателност, а најстрашно еве го ѕирка и кај тие кои демек го вкусуваат само за да знаат како системски да му пристапат за божем да помогнат (некогаш и несвесни колку се заразени), е тој факт говори дека ова е земја на длабоко несреќни, лицемерни и злобни луѓе, на луѓе со болни души и невидена немоќ да си го живеат сопствениот живот и сопствената мисија.
Оние кои вака оддалечени од себе, секаде би биле на маргините, тука еве се, истопорени на врвот со наметки од лажен морал и уште понеискрени лични битки.
Среќен и задоволен со себе човек, таков ослободен од фрустрација и комплекси, од нагон за газење на “мртви Германци” и на примитивци и валкање со нив по дното, само таков може да гради скали за нагоре.
Целта се средствата, средствата се цел.
Facebook статус на Катарина Синадиновска

