Тирон Јајага ја презема функцијата заменик-министер за одбрана
Денеска во Министерството, новиот заменик-министер за одбрана Тирон Јајага ја презема функцијата од неговиот претходник, Башким Хасани.
Досегашниот заменик-министер Хасани на новопоставениот заменик-министер Јајага му посака успех во работата, укажувајќи дека одбраната е во процес на забрзани реформи и развој и дека овој процес е од исклучително значење за развојот на Армијата, нејзината опременост и мотивираноста на армиските припадници.
Заменикот-министерот Јајага порача дека сето свое искуство и знаење ќе го стави во функција на реформите и развојот на одбраната.
Тирон Јајага е магистер по меѓународно право со меѓународни односи на Универзитетот на Кент во Брисел, огранок на „University of Kent – Canterbury“, Велика Британија.
Има четиринаесетгодишно работно искуство во јавниот сектор, од кои над 10 години минати на работни позиции во Министерството за одбрана, соопштија од оваа институција.