„ТИТАНИК“ ОДЛОЖЕН ЗА 27 ФЕВРУАРИ ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО

Судењето за изборни нерегуларности во случајот „Титаник“ на СЈО се одложува за 27 февруари поради здравствени проблеми на обвинетиот Ендмонд Темелко. Адвокатот на Темелко кажа дека обвинетиот е хоспитализиран и е на болничко лекување во Струга. Во судница не беа спроведени од домашен притвор и обвинетите Мунир Пепиќ и Миле Јанакиески. Обвинетиот Илија Димовски го извести судот дека од 13 до 21 овој месец нема да може да присуствува на рочишта бидејќи како шеф на делегација на Собранието ќе присуствува на Парламентарно собрание на НАТО.