| |

ГДУ: ВРАБОТИ СИН, БАЏАНАК, БРАТ, СПАСИ НАМЕСТЕНИ ТЕНДЕРИ!

Вчера излезе извештај на Голд брокер, според кој нашата Македонија се наоѓа на 6-то место. Не е лошо местото, туку е лоша основата на која е правен извештајот. Истиот извештај е за стапка на невработеност и според истиот Македонија со 20% невработеност е на делба на 6-то место со Ангола. Полошо котираат од нас Босна и Херцеговина (35%) и Косово (30%), се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Извештајот кој е изработен е невалиден и заснован на стари, непроверени, не update-ирани податоци, кои најверојатно се од времето на Режимот. Нашата нова Влада со сите сили се бори со невработеноста и според сите статистички показатели (јавно објавени и лесно достапни) невработеноста е целосно искоренета и сега имаме 100% вработеност.

Ама вработеност во семејствата на функционерите. Проектот Минимум едно вработување од секое семејство на функционер ги надмина очекуваните и предвидени резултати, па вроди со плод што никој не го очекуваше. Нема дете, жена, родител, роднина по права или странична линија или сватовство што не е вработен. Зачудува и фактот што сите се сместени во државната администрација.

Со тоа се оневозможува нивниот претприемачки дух и се гаси иницијативата за сопствен бизнис и за енормни заработки преку тендери (малку филувани и поднаместени), но во корист на нашата напатена земјичка, сите тие сложно решија да земаат плата од заедничкиот буџет. Колку и да е истата плата, барем редовно се зима, а и за намален број на работни часови.

Сега државните институции и претпријатија се полни со висококвалификувани и обучени кадри со звучни имиња (Фрчковски, Бучковски, Џафери, Бејта, Грчев) што е огромен плус за нас. Странските инвеститори веруваат на докажани и проверени кадри, кои со сопствени напори и мака се пробиваат на пазарот на трудот и ги земаат најдобите места. Затоа и странците (во широк лак) не заобиколуваат како земја за инвестирање. Си станавме дупка за складирање на светскиот отпад.

Младите, квалификувани и паметни веќе одамна ни отидоа од земјава. Останаа само оние што се докажуваат дома пред тато и мама, за да ја наследат нивната функција, од Бога дадена и пренослива по крвно сродство.

Е вака- НЕМА ДА НЕ БИДЕ!



Слични Објави