| |

ЗА СДСМ ОДЕЊЕТО НА ИЗБОРИ ЌЕ ГО ЗАГРОЗИ ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

Оваа година се очекува и датум за преговори со Европската унија и реализирање на сите неопходни реформи. Одговорна партија, одговорна власт, не би ја загрозила таа шанса, не би го загрозила датумот за преговори во Европската унија со предвремени избори и стопирање на реформите-велат од СДСМ.

Иако поддршката на граѓаните е многу поголема од онаа на опозицијата, СДСМ не мисли на предвремени избори туку на интересите на граѓаните и интересите на државата. Тоа е државнички и одговорно.Граѓаните, јавноста бараат резултати, во економијата, реформите, интеграциите.СДСМ како одговорна и државотворна партија презема одговорност пред граѓаните и интересите на државата.

Република Северна Македонија ќе има кристално чисти, фер слободни и  демократски претседателски избори на кои ќе победат граѓаните, ќе победи СДСМ-стои во соопштението на владејачката партија. 

Слични Објави