КОЈ ТИ Е КРИВ КОГА НЕ СИ И ВНУК НА МИРА ОД ДЕЛЧЕВО?!

Истакнато Краток спој Позиција

Деновиве да не си и во кожата на пратеничката од Делчево Мира Стојчевска, заради патните трошоци, вработувањата на нејзиниот син и брат во државните фирми ЕЛЕМ и РЕК Битола и онаа фотка од настаните на 27 април, кога таа бегаше да спаси жива глава, гордата СДСМ-овка стана објект на стотици шеги на социјалните мрежи. Но таа не е крива, таа е циганчето од старата мудрост за баницата и циганчето, што не криво што ја јаде, туку крив е оној што му ја дава. Македонската филозофија за преживување е повеќе од елементарна: ако ти даваат земај, ако те бркаат, бегај (у Маџарска например).

Колку и да звучи клиширано рибата смрди од кај главата, а главата уста нема отворено во врска со последните случувања поврзани со роднинските вработувања во јавниот сектор. Главата беше на отворање на некакви младински игри и во стилот на својот претходник избегнува да влага со цела нога во гомната, што самиот дозволил да се произведат.

Новата владејачка гарнитура ги остави граѓаните (дури и тие кои се нејзини поддржници) без капка гордост и надеж. Тоа треба некој да му го каже на Заев. Ќе се согласите дека не е можно сите „комуњари“ да и бидат роднини на Мира Вин Дизел од Делчево, нели? Тоа автоматски значи дека вработувањата веќе не се ни партиски, туку се генетски и свато-кумашински.

Ги оставивте граѓаните без капка надеж дека во таа земја нешто ќе се смени, бидејќи можеби сте исти, ако не и полоши од вашите претходници, кои како заслепени му веруваа на азилантот. Во негово време исто така се вработуваа роднини, на роднините, на роднините, но пак не дотолку транспарентно. Вие сте транспарентни, до безобразност и тоа ќе ви ги скрши главите еден ден и многу ќе плачете, па макар и згрижени со договори на неопределено време.

Денеска гледам правите шоу од издигнувањето на НАТО знамето пред Влада. Хорхе не дошол, оти не сте го поканиле на време, Бране пак го боли к..т за вашите егзибиции… а за децата на плебсот, пак на вас око не ви трепнува. Младиве што ја немаат Мира за мајка или тетка, нека вадат бугарски пасоши и да бегаат од девет земји во десета подалеку од Македонија… како емигранти, а на некој начин и политички азиланти исто како Богот Гру, со таа разлика што нив нема да ги „избркате“ со неколку милиони евра во џеб и нема да им давате пратеничка плата. Ќе ги оставите онака гордо да талкаат по белиот свет, бидејќи никој не им е крив што не и се внуци на Мира од Делчево.

Автор: Батко Тане