Тито Петковски, еден од старите волци на македонската транзициска политичка сцена, никако да ги заборави навиките од минатото. Тој виде уцена во повикот на Борисов, заедничката македонско-бугарска комисија за историја да најде решение за отворените прашања меѓу двете земји. Поранешниот неуспешен кандидат за претседател на Македонија најверојатно сака да се вратат времињата кога по негова наредба се расфрлуваа летоци со заплашувачка содржина дека ВМРО-ДПМНЕ е „бугарска партија“. За среќа времето на политичкиот диносаурус Петковски одамна е минато и нема никаква веројатност повторно да стане наша реалност.
Петковски за Плусинфо истакнува дека гледа како на уцена тоа што на новинарско прашање дали ќе ја блокира Македонија ако не се договорат историчарите до октомври, Борисов потенцираше дека мора да се најде решение до октовмри.
– Апсолутно е неприфатливо Борисов да уценува со тоа или до октовмри да се реши прашањето за Гоце Делчев или Бугарија ќе има сосема поинаков однос кон Македонија во однос на интеграциите во ЕУ – вели Петковски.