Торнадо го пустоши Илионис: Град со големина на бејзбол топка уништува домови, се очекува влошување на времето
Торнада и град со големина на бејзбол го погодија Илиноис, бидејќи милиони луѓе во Соединетите држави и понатаму се под временски предупредувања.
Синоптичарите изразија загриженост дека торнадото во текот на ноќта што може да погоди делови од Арканзас, Оклахома и јужниот дел на Мисури и може потенцијално да предизвика поголема штета во областите веќе погодени од смртоносните торнада и бури минатата недела каде 32 лица загинаа.
Речиси 70 милиони Американци се подготвуваат за нов наплив од силни бури, бидејќи метеоролошките центри предупредија дека уште еден наплив од силни бури доаѓа од Тексас до Мичиген.
Денешните бури уследија по неколкудневните силни торнада кои зафатија 11 држави на југот. Лошото време се очекува да продолжи и во текот на ноќта.
„Ова можеби е ноќ што само ќе ја поминеме во подрумите за да бидеме безбедни“, го цитираше метеорологот Том Филип, CBS News.