| |

„ТОСКА“  ВЕЧЕРВА НА СЦЕНАТА НА МОБ

Во Македонската опера и балет, денеска (18 јануари) со почеток во 20 часот, ќе биде изведено едно од ремек делата на Џакомо Пучини „Тоска“ …

„Тоска“ е приказна за трагичната љубов на Флорија Тоска и сликарот Каварадоси, прекината од еден злогласен шеф на полицијата  во Рим, во периодот на движењето за обединување на Италија. Под диригентска палка на гостинот од Бугарија Иван Кожухаров, ќе настапат сопранот Весна Ѓиновска-Илкова, тенорот Калин Братеску од Романија, баритонот Борис Трајанов, како и  Ернес Ибраимовски, Драган Ампов, Никола Стојчески, Диме Петров, Димитар Кожухаров и  Александра Лазаровска Василевски.

Режисер е Огњан Драганов од Бугарија, сценограф Зоран Николовски, костимите на  Марија Пупучевска. Во операта настапуваат и оркестарот и хорот на Македонската опера и балет.



Слични Објави