Трагедија во Илинден, загина девојче
Несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје. Првичните податоци на МВР велат дека малолетно девојче загинало во пожар на вагон-цистерна.
Според информациите на полицијата од пријавата, малолетни лица запалиле цистерна кај железничката станица.
Случајот го пријавил скопјанецот С.К. Тој ги згрижил децата, за кои посочил дека го предизвикале пожарот.
„Во 21.05ч. во ПО-Петровец С. К. пријавил дека во населба Илинден кај железничката станица од страна на малолетни лица опожарена е цистерна. Двете малолетни деца се кај него дома и по обавениот разговор со децата посочено е дека на цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато. На лице место упатени полициски службеници за расчистување на случајот. Oва е првична информација спoред тоа како е пријавено. Повеќе детали ќе имаме подоцна.“ соопшти МВР.
На лице место упатени полициски службеници за расчистување на случајот.