ЃОРЧЕВ ВО ЛОНДОН: СОРАБОТКА НА ВМРО-ДПМНЕ И КОНЗЕРВАТИВНАТА ПАРТИЈА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

//

Владимир Ѓорчев денеска е во официјална посета на Лондон при што оствари средба со Карлота Реди, директор за меѓународни односи на Конзервативната партија на Велика Британија.

Ѓорчев разговараше за односите и соработката на ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија на Велика Британија како сестрински партии кои долги години заеднички соработуваат во рамките ИДУ, како глобална платформа на десниот центар.

Како меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорчев ја информираше соговорничката за актуелните состојби во Македонија, со особен акцент на владините скандали, загубената доверба на граѓаните во институциите, притисоците врз медиумите и политичкиот прогон.

ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија на Велика Британија ќе ја интензивираат соработката и во тој дел комуникацијата ќе биде засилена комуникацијата со Вестминстерската фондација за демократија (ВФД).



Заеднички беше констатирано дека одличните билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, како пријателски земји и сојузници во НАТО ќе продолжи.

Соработката и партнерството со сестринските партии од десниот центар е приоритет во надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

РАЗГОРЕН ВЕЧНИОТ ОГАН ВО ПАРИЗ ВО ЧЕСТ НА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

МОТОЦИКЛИСТ ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП

Најново од Вести